Политика за ИМС
Основна дејност?
Основна дејност е производство и вградување на бетони од сите типови, бетонски цевки за канализации како и нивна изведба, бетонски блокови, изведба на разни објекти од нискоградба, патишта и пропусти, водоводни и канализациони системи, изведба на разни објекти од високоградба, изградба на индивидуални станбени објекти.
Главна цел?
Главна цел на раководството и вработените е испорака на продукти и обезбедување услуги на своите клиенти што одговараат на сите нормативни барања и се со висок квалитет.
Производство и производ?
Производство и производ кое ги задоволува стандардите за заштита на природата и околината како и здравјето на вработените и луѓето.
Непрекинат степен
Непрекинато се следи степенот на задоволство на клиентите и ги анализира нивните препораки, барања и рекламации и истите ги употребува за подобрување на карактеристиките на продуктот и за усовршување на интегрираниот менаџмент систем.
Тим?
Се одржува тим од квалификувани и мотивирани извршители и води сметка за одржување на пријатна работна средина, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
Грижа и согласност?
Се води грижа за задоволство на вработените. Се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со нашите добавувачи, со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги. Секогаш работиме во согласност со постоечките законски прописи, со обврска за зачувување на животната средина.